[ВИДЕО] „Мојот син е мртов, го изгубив“: Контроверзно интервју на Илон Маск за животот на неговото дете кое го промени полот

Точка

24/07/2024

11:31

8.542

Големина на фонт

а а а

Познатиот милијардер Илон Маск, до неодамна најбогатиот човек на планетата, често јавно ги изнесува своите ставови, а неодамна застана на страната на Доналд Трамп, поддржувајќи го во трката за нов претседателски мандат во Америка.

Тој сега имал интервју со контроверзниот Џордан Питерсон, канадски психолог и онлајн едукатор, со кое повторно успеа да ја шокира јавноста - овој пат зборувајќи за своето трансродово дете.

Како што истакнал, тој верува дека го загубил својот син Ксавиер, кој од неодамна се идентификува како Вивијан Џена Вилсон.

„Во суштина, јас го изгубив својот син. Причината зошто тоа го нарекувам „усмртување“ е затоа што мојот син е мртов. Мојот син Ксавиер е мртов, го уби „woke“ вирусот. После тоа се заколнав дека ќе го уништам таквиот вирус“.

Питерсон ја нарече ситуацијата „неверојатно зла“, а милијардерот се согласил со тоа, како и со коментарот дека луѓето кои се залагаат за третмани за промена на полот треба да се сместат во затвор.

Маск пишуваше на оваа тема и на својата социјална мрежа Х:

„Ксавиер е роден геј и со благ аутизам што се два фактори кои придонесуваат за родова дисфорија. Уште од негова 4-годишна возраст го знаев тоа бидејќи ми бираше облека и потоа ми велеше за јакната дека е „прекрасна“, а сакаше мјузикли и театар. Но, тој не беше девојче“.


Ксавиер Александар Маск (20), кој има близнак по име Грифин, поднесе барање за промена на неговото име во април 2022 година. Тој ја поднел потребната документација до Врховниот суд во Санта Моника, Калифорнија и во таа прилика побарал да се вика Вивијан Џена Вилсон, што е презимето на неговата мајка. Тој исто така побарал од судот да го признае како жена.

Како една од причините во документацијата е наведена желбата на Вивијан Џена да се дистанцира од Илон Маск.

„Не сакам повеќе да живеам со него, ниту да бидам во сродство со мојот биолошки татко на кој било начин, во каква било форма“, истакнува Вивијан.

Причината не е прецизирана, но странските медиуми шпекулираат дека на Вивијан ѝ пречат трансфобичните коментари на нејзиниот татко во јавноста.

Во продолжение погледнете го целото интервју: