Нови гласини кружат на интернет: Еве што можеме да очекуваме од најевтиниот "iPhone"

Точка

22/07/2024

14:32

11.137

Големина на фонт

а а а

Официјални информации нема, но според постоечките информации овој уред треба да се најде во продажба следната пролет.

Иако своевремено се чинеше дека "Apple" ќе се откаже од развојот на поевтин модел на "iPhone", се чини дека компанијата се предомисли и реши да ја претстави четвртата генерација на моделот "SE". Според досегашните информации, тој модел би требало да се базира на моделот "iPhone 14" од 2022 година со екран од 6,1 инчи и ќе се напојува од чипсетот "A16 Bionic". Исто така, ова треба да биде првиот модел од серијата "SE" кој ќе има "OLED" екран, "Dynamic Island" и "FaceID". Исто така, моделот "SE 4" треба да има и "USB-C" порт , а се споменува и копче за акција од страната на уредот.


Но, најновите информации велат дека "Apple" би можел да го користи истиот производствен процес за задниот дел на телефонот за "SE4" како и за претстојниот телефон "iPhone 16" кој ќе биде претставен во септември. Досега се зборуваше дека поевтиниот "iPhone" може да има само една камера на задната страна, но новите информации може да укажуваат на тоа дека, како и новиот модел на "iPhone", би можел да има две камери (широка и ултраширока) кои ќе се наоѓаат на задната страна.


Од друга страна, тоа би можело само да значи дека новиот, поевтин "iPhone" ќе задржи една камера како претходните модели, додека под таа камера, наместо друг сензор, ќе има блиц. Некои фотографии од тоа како треба да изгледа ваквата позадина на iPhone веќе се објавени на интернет, но што точно подготвува компанијата нема да знаеме пред следната пролет, кога би требало да го претстават "iPhone SE 4". Една од работите што би можеле да е клучна за успехот во продажбата на овој уред е, се разбира, цената. Кога неговиот претходник се појави во продажба, тој беше достапен на американскиот пазар за 429 долари, а не е тешко да се претпостави дека новиот модел ќе биде поскап.


Но, за обожавателите на "Apple", многу поважно е тоа што компанијата ќе го претстави за помалку од два месеци. Компанијата за септември подготвува нова конференција на која ќе претстави четири нови модели на "iPhone" во кои главен акцент ќе биде ставен на вештачката интелигенција. Ова треба да биде последната генерација со два класични "iPhone" и два модели од серијата "Pro", бидејќи гласините велат дека од следната година и генерацијата "iPhone 17", "Apple" би можел да го замени моделот "iPhone Plus" со моделот "Slim". Тој уред, како што сугерира името, ќе биде потенок, а лошата вест за сите кои би можеле да се заинтересираат за ваков телефон е што наводно ќе биде најскапиот "iPhone" досега.




Спонзорирани линкови

Маркетинг