[ФОТО/ВИДЕО] Нема подобар: "Red Bull" го направи својот прв болид

Точка

19/07/2024

12:57

9.780

Големина на фонт

а а а

Развојот траеше цели три години, а епилогот е болид побрз од Формула 1.

Неговата ознака е "RB17", а зад овој автомобил стои познатиот дизајнер Адријан Њуи. Со тежина од само 900 килограми, овој автомобил користи хибриден погон, во чие срце е атмосферскиот 4,5-литарски V10 мотор.

Според првите симулации, со максимални 1.200 коњски сили ќе ја обиколува патеката Силверстоун побрзо од Формула 1.


"RB17" сè уште не е целосно завршен. На патеката треба да пристигне во 2025 година, а потоа ќе започне производството.

Ќе се направат само 50, а сите наводно веќе го пронашле патот до нивните идни сопственици.


Со оглед на тоа што може да понуди овој автомобил, лесно е да се поверува дека цената од 5 милиони фунти не смениила ничија конечна одлука за купување. Многу поверојатно е дека врските и брзата реакција биле пресудни.

Прототипот беше претставен на Гудвуд и сериската верзија ќе изгледа идентично. Овој нереален „спортист“ со "Cosworth" погон ќе може да излезе на пат по одредени модификации.


Но, имајќи предвид дека тоа е суперлесен автомобил со извонредна аеродинамика чиј мотор врти до 15.000 вртежи во минута, се сомневаме дека некогаш ќе излезе од патеката.