Се смета дека белите возила или возилата обоени во посветли бои се загреваат значително помалку од темните автомобили. Дали е тоа точно?
Колку се вжештува возилото кога е изложено на сончева светлина и каков ефект има бојата на возилото или положбата на штитникот за сонце врз температурата во кабината? Германскиот автомобилски клуб (ADAC) се обиде да го истражи ова.
Често се вели дека, на пример, белите возила или возилата обоени во посветли бои се загреваат помалку од темните автомобили …
Во тестот "ADAC", површината на црните возила се загревала значително повеќе од површината на белото возило – односот бил 65 степени во споредба со само 44 степени.
Какво е влијанието врз температурата внатре во возилото? Изненадувачки, мало! За време на тестот, црните автомобили биле само пет степени потопли во кабината.
А што е со штитниците за сонце? Влијанието на внатрешната заштита на шофершајбната е минимално. Додека референтното возило без штитникот се загревало на 53 степени, автомобилот со него бил само четири степени постуден.
За да биде подобра заштитата, внатрешниот штит треба да ја покрие целата површина на шофершајбната, што е речиси невозможно да се направи.
Што ако е поставен надвор?
Штитникот за сонце би бил многу поефективен доколку е прикачен на надворешната страна на шофершајбната.
Благодарение на сенката, внатрешноста била осум степени постудена отколку во референтното возило.
Уште подобро штити церада која го покрива целото возило и ја штити внатрешноста од сончевото зрачење, па температурата во автомобилот била десет степени пониска.
Бел пешкир нема премногу да ја намали температурата во кабината, но се препорачува да го ставите на воланот. Пред сè, за да избегнете изгореници кога воланот се загрева премногу на сонце.