Песната на Мика Антиќ која секоја жена треба да ја прочита: Испратете ја на своите ќерки, пријателки, сестри...

Точка

13/07/2024

18:30

7.321

Големина на фонт

а а а

Славниот Мика Антиќ ни подарил многу поучни стихови за сложениот свет на емоциите, а една од најубавите поеми ни говори колку љубовта мора да биде едноставна и јасна.

Мирослав Мика Антиќ, кој починал на 24 јуни 1986 година е еден од најценетите поети во историјата на српската поезија.

Зад себе оставил голем број дела, а најпознат е по песните за деца, во кои на поучен и прекрасен начин зборувал за љубовта, среќата, детството, растењето …


Песните на Мика Антиќ често се цитираат, а една од омилените е „Ако некогаш се заљубиш“, која нè учи во љубовта да не се задоволуваме со минимум и недоволно.

Станува збор за песна која секој кој тежи кон вистинска љубов треба да ја прочита, добронамерен совет во форма на стих кој секогаш треба да го имаме на ум …

                                                                 

 „Ако некогаш се заљубиш“

„Ако некогаш се заљубиш, заљуби се во некој што сака да ја знае твојата омилена боја и какво кафе пиеш.

Заљуби се во некој што го сака начинот на кој се смееш и кој ќе направи апсолутно сè за да те насмее.

Заљуби се во некој што ја става главата на твоите гради само за да ги чуе отчукувањата на срцето.

Заљуби се во некој што те љуби во јавноста и со гордост те покажува на другите.

Заљуби се во некој поради кој ќе прашуваш зошто на почеток воопшто си се плашел/а од заљубување.

Заљуби се во некој што никогаш не би сакал да те повреди.

Заљуби се во некој што е заљубен во твоите маани и мисли дека си совршен/а баш таков/а каков/ва што си.

Заљуби се во некој што мисли дека баш ти си личноста покрај која би сакал да се буди секој ден“.