Многумина го нарекуваат новиот паметен часовник на "Samsung" најдобар досега

Точка

12/07/2024

23:01

13.775

Големина на фонт

а а а

На 10 јули, на настанот "Unpacked" во Париз, "Samsung" ги претстави "Galaxy Ring", новите паметни телефони "Galaxy Z Fold6" и "Z Flip6", паметните часовници "Galaxy Watch 7" и "Galaxy Watch Ultra" и безжични слушалки "Galaxy Buds3" и "Buds3 Pro". Иако главната атракција на настанот беше "Galaxy Ring", првиот паметен прстен на брендот, новиот часовник – "Galaxy Watch Ultra" привлече големо внимание.

"Galaxy Watch Ultra" го наследува "Galaxy Watch 5 Pro" како водечки паметен часовник на "Samsung". Тој е првенствено наменет за спортисти, а неговата заоблена и квадратна форма наликува на "Apple Watch Ultra". Ова не е прв пат "Samsung" да користи квадратна форма за своите часовници.


Нов "BioActive" сензор и "Galaxy AI"

"Samsung" истакнува дека ова е неговиот најиздржлив часовник досега: отпорен е на топлина до 55 степени Целзиусови и на студено до минус 20 степени, а издржува и на надморска височина до 9.000 метри. Покрај тоа, часовникот е водоотпорен до 100 АТМ, има IP68 оцена, куќиште од титаниум и кристално стакло од сафир. Марката исто така истакнува дека неговата батерија издржува до 100 часа во економичен режим.

Часовникот е опремен со нов "BioActive" сензор и, се разбира, тука е "Galaxy AI" што обезбедува различни здравствени увиди. Во случај на проблем, часовникот има копче за брзо активирање на моќна сирена. „Продорниот звук од 86 децибели може да се слушне на оддалеченост од 180 метри, пробивајќи низ шума од дрвја. Кога "GPS" не е доволен, часовникот има и SOS“, велат од Samsung.


Цената е 699 евра во предпродажба

Часовникот исто така има ново портокалово Quick Button копче кое стартува апликацијата за вежбање, светилка и неколку други опции. Како и повеќето други паметни часовници, овој го следи тренингот и напредокот на корисникот, здравјето и квалитетот на сонот.

Со часовникот можете да изберете различни ремени, адаптирани на различни терени, достапни во следните бои: портокалова, темносива, зелена и бела. Куќиштето на часовникот е со дијаметар од 47 mm, содржи 1,5-инчен AMOLED екран со резолуција од 480 × 480, има максимална осветленост од 3000 нити и тежи 60,5 грама. Неговата цена е 699 евра во предпродажба.


Првите критики се доста позитивни

Првите критики за "Samsung Galaxy Watch Ultra" се главно позитивни. Според познатиот портал "TechRadar", ова е „веројатно најдобриот часовник на "Samsung" досега“. Во прегледот посочуваат предности како титаниумско куќиште, новиот "Quick Button" и бројни други функционалности. Сепак, тие забележуваат дека батеријата би можела да биде поиздржлива и дека екранот е голем колку 44 милиметарскиот "Galaxy Watch".

„Samsung Galaxy Watch Ultra е вистински ѕвер меѓу паметните часовници, со одличен квалитет на градба, многу функции за активности на отворено и ги привлекува обичните авантуристи и сериозните обожаватели на Samsung“, забележаа тие во прегледот.


"Phone Arena" исто така го разгледа новиот часовник "Samsung" и го спореди со "Apple Watch Ultra 2". Тие истакнаа дека "Galaxy Watch Ultra" нуди премиум карактеристики и исклучителен дизајн, позиционирајќи го како еден од најдобрите паметни часовници за корисниците на Android.

Мајк О’Брајан, популарен јутјубер специјализиран за технологија и прегледи на гаџети, забележа во својата рецензија: „Ова е најдобриот "Galaxy" часовник што сум го пробал“. Но, додаде дека тоа доаѓа со висока цена.


"Mashable" пишува дека станува збор за возбудлив часовник кој може да го урне "Apple Watch Ultra" од неговиот трон“. Тие истакнуваат дека часовникот на "Samsung", за разлика од сегашниот "Apple Watch Ultra", има сензор за кислород во крвта и монитор за апнеја при спиење. Тие го пофалија и дизајнот на часовникот, но како негативно наведоа дека ременот тешко се вади или менува.