"Apple" ги предупреди корисниците на "iPhone" во 98 земји за можни напади на шпионски софтвер

Точка

11/07/2024

14:52

7.456

Големина на фонт

а а а

Американската технолошка корпорација "Apple" ги предупреди корисниците на "iPhone" во 98 земји во светот за можни напади на шпионски софтвер.

„"Apple" откри дека сте потенцијална цел на шпионски софтвер кој се обидува од далечина да компромитира "iPhone" телефони поврзани со вашата сметка на "Apple ID"“, се вели во пораката до некои клиенти.

Понатаму во пораката се наведува дека софтверот ги таргетира корисниците според специфични критериуми и тоа е поради нивните лични или професионални активности, известува "Tech Crunch".


„Апсолутна безбедност при откривање на овие напади не е можна, но Apple е уверен во оваа проценка и ве советува да го сфатите сериозно предупредувањето“, се додава во соопштението.

Компанијата соопшти дека не може да открие детали за нападите бидејќи во иднина може да бидат искористени од други напаѓачи, па не е познато во кои земји е испратено предупредувањето.


"Apple" претходно издаде слично предупредување во април за корисници од 92 земји.

Почнувајќи од 2021 година, компанијата од Купертино редовно испраќа безбедносни предупредувања до корисниците и досега им се обратила на клиентите во 150 земји низ светот.