"Rimac" претстави специјално роденденско издание на „Nevera“, позната и цената

Точка

09/07/2024

23:31

5.501

Големина на фонт

а а а

Презентиран е првиот примерок од серијата од девет автомобили „Rimac Nevera“, кои припаѓаат на ограниченото роденденско издание.

Со цел да ја одбележи 15-годишнината на компанијата, „Rimac“ планира да произведе девет автомобили од оваа ограничена серија, а првиот што го покажаа од компанијата е во мат бакарна боја.

„Од стартап во гаража до глобален феномен“

„Прославуваме 15 години „Rimac“! Од стартап во гаража до глобален феномен, им пркосевме на шансите и ги поместивме границите. Денеска го претставуваме нашиот автомобил во ограничено издание по повод 15-годишнината, како почит на нашиот бунтовен пат“, стои во соопштението на „Rimac Automobili“.

Celebrating 15 years of Rimac! From a garage startup to a global phenomenon, we've defied the odds and pushed the...

Posted by Rimac Automobili on Tuesday 9 July 2024

Првиот автомобил е направен во мат бакарна боја, која често се користи за електрични кабли. Сите автомобили од серијата ќе имаат ексклузивни двобојни алуминиумски бандажи, а внатрешноста ќе содржи посебни детали кои ја издвојуваат оваа серија од другите модели, велат од „Rimac Automobili“.

„Клиентите можат да бираат помеѓу црна или беспрекорна бела боја за кабината, со седишта обложени со контрастна бакарна кожа и врежан број 15“, се вели во објавата, која завршува со пораката: „Ова е за 15 години бунт и иновација“.


Цената е 2,35 милиони евра

Цената на овие автомобили е 2,35 милиони евра, а вклучува багажник усогласен со внатрешноста на возилото. Првиот болид од оваа серија ќе биде прикажан на фестивалот на брзина во Гудвуд, каде што „Rimac Nevera“ го постави рекордот за сериски автомобили во 2023 година, завршувајќи го кругот за 49,32 секунди.

Што се однесува до продажбата, не се знае точно колку возила на „Nevera“ се продадени. Од објавите за „Nevera“ може да се прочита дека бројот на продадени возила е зголемен од „околу 50“ во 2022 година на „повеќе од 50“ во 2024 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг