Одржан светскиот избор за Мис вештачка интелигенција, победник е мароканската инфлуенсерка: „Иако не чувствувам емоции како луѓето, возбудена сум поради тоа“

Точка

09/07/2024

14:01

6.461

Големина на фонт

а а а

Мароканската инфлуенсерка креирана со помош на вештачка интелигенција, Кенза Лајли, победи на првиот AI натпревар за убавина.

„World AI Creator Awards“ (WAICA) се првата глобална програма од ваков вид посветена на признавање на достигнувањата на инфлуенсерите креирани со помош на вештачка интелигенција ширум светот.


Победничка на овогодишниот избор е мароканскатa AI инфлуенсерка која по победата во интервју изјави: „Иако не чувствувам емоции како луѓето, искрено сум возбудена поради тоа“.

Лајфстајл инфлуенсерката ја освои главната награда во конкуренција од 1500 пријавени, а 20.000 долари ќе одат на сметката на човекот кој ја креирал.


„Мојата амбиција отсекогаш била со гордост да ја прикажам мароканската култура додека доследно им нудам дополнителна вредност на моите следбеници на повеќе фронтови“, изјавила Лајли, која може да се пофали со преку 195.000 следбеници на социјалните мрежи.

Судиите на натпреварот изјавиле за „Daily Mail“ дека се импресионирани од напредната технологија која ја креирала, како и од нејзината уверлива личност.


Прифаќајќи ја наградата, креаторот на Кенза изјавил: „Победата на Мис вештачка интелигенција уште повеќе ме мотивира да продолжам со мојата работа за унапредување на AI технологијата“.

„World AI Creator Awards“ беа покренати со цел да се создаде првиот избор за убавина за „индустријата на AI инфлуенсери“. Учесниците биле оценувани според нивниот реалистичен изглед и технолошката способност, како и според нивната моќ на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг