Поради автомобилот останал без палец, го тужел произведувачот, па зел 2 милиони долари

Точка

08/07/2024

13:01

3.900

Големина на фонт

а а а

Останал без дел од прстот, но сега е побогат за 1,9 милиони долари, откако ја добил парницата против германскиот произведувач на автомобили.

Годвин Боатенг, самовработен софтверски инженер, ја тужел „BMW“ и тврдел дека нивниот SUV автомобили X5 буквално му отсекол врвот од палецот. Сето тоа се случило поради вратите со автоматско затворање, кои имаат вграден електромотор.

Во јули 2016-та година овој њујорчанец ја потпрел десната рака на работ од благо отворената возачка врата. Тогаш истата се затворила, а палецот останал згмечен, пишува „RevijaHAK“.


Хирурзите не успеале да го спојат отсечениот дел со остатокот од прстот. Боатенг после тоа ја тужел „BMW“ за 3 милиони долари, тврдејќи дека ќе губи 250.000 долар годишно како самовработен софтверски инженер.

„BMW“ го прегледал неговиот „X5“ од 2013-та година и заклучил дека не постои проблем со затворање на вратите, но дека упатството за употреба содржело предупредување за истите.


Случајот потоа дошол до суд, за порано овој месец поротата да пресуди „BMW“ да му исплати на Боатенг 1,9 милиони долари отштета.

Иако било утврдено дека „BMW“ не е виновен за неисправните врати, поротата и натаму сметала дека германскиот произведувач е виновен за повредата на палецот на Боатенг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг