Српскиот Јутјубер Бака Прасе, со вистинско име Богдан Илиќ, тврди дека е ограбен во Хрватска.
Илиќ деновиве престојува во Паг на снимање на спот, а на својот Инстаграм профил изјави дека е ограбен.
"Ме ограбија. Синоќа некој упадна во нашата куќа, ги одзеде сите работи, меѓу нив беа часовниците и парите што ги донесов за снимање на спотот за песната со „Voyage“. Срамота е: сите работи, дури и облеката и парфемите на луѓето кои беа со мене. Моите Ролекси, готовина, облека од 250.000 евра“, напиша Бака Прасе на Инстаграм.
„Фала му на Бога што го убедивме Игор да не остане сам во куќата бидејќи можеби ќе настрадаше. Благодарам и на хрватската полиција што веднаш одговорија на повикот, се фатија за работа, донесоа форензичари и извршија увид. Се надевам дека ќе наскоро ќе се најде виновникот“, додаде тој.
Јутјуберот вети и награда за секој кој има каква било информација што ќе помогне да се пронајде виновникот. „Награда 25.000 евра за информација што ќе доведе до откривање на крадецот. Наградата ќе следи по апсењето и враќањето на часовниците“, напиша тој.
Покрај тоа, тој објави фотографија на која се гледаат илјадници евра и порача дека крадците „не можат да украдат колку што тој може да заработи“.