По 6 месеци откриена причината за смртта на порно ѕвездата Џеси Џејн и нејзиното момче

Точка

08/07/2024

22:03

3.897

Големина на фонт

а а а

Порно ѕвездата Џеси Џејн и нејзиното момче Брет Хасенмилер беа пронајдени мртви во нивниот дом во Мур, Оклахома во јануари оваа година, а сега е откриена и причината за смртта.

Џејн починала од случајно предозирање со фентанил и кокаин, пишува „TMZ“. Како што е познато, веста за смртта на 43-годишната порно актерка на почетокот на годината шокираше многумина.


Џејн била пронајдена мртва во домот во Мур со нејзиното момче Брет. Иако некои тогаш велеа дека причината е предозирање со дрога, дури денеска е потврдено дека се работи за предозирање со кокаин и фентанил.

Џеси Џејн беше една од најголемите порно ѕвезди во 2000-тите, појавувајќи се во проекти како што се „Pirates II: Stagnetti's Revenge“, чија продукција наводно чинела повеќе од 8 милиони долари, „Starsky & Hutch“, „Entourage“ и „The Bad Girls Club “. Ѕвездата, чие вистинско име беше Синди Тејлор, работеше и за „Playboy“.


Таа, исто така, се појави во бројни документарни филмови за порно индустријата, вклучувајќи го и документарецот на „CNBC“, „Porn: Business of Pleasure“. Накратко се повлече од екраните во 2017 година, но се врати во 2019 година, а креираше и многу успешна линија на секс играчки.

Порно актерката се оствари и како мајка кога роди син во 2000 година. Инаку, од 2005 до 2012 година беше во брак со Рич Тејлор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг