„Патриотите“ се бескорисни против ова руско оружје? Болно признание на Зеленски! Монструмите кои бришат цели села остануваат непобедливи

Точка

01/07/2024

23:38

10.074

Големина на фонт

а а а

Системите „Патриот“ се бескорисни против руските бомби, рекол украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Philadelphia Inquirer“.

Според неговите зборови, Русија фрла илјада наводени бомби „KAB“ месечно, и Украина никогаш нема да има доволно проектили да ги собори.

Тој додава дека една ракета за „Патриот“ чини околу три милиони долари.

Истовремено навел дека е неопходно да се нападнат руските аеродроми каде се стационирани авиони кои ги фрлаат овие убиствени бомби, но сојузниците не дозволуваат напади со западно оружје.


Украинскиот претседател рекол дека проблемот со авио-бомбите може да се реши само со гаѓање на руските аеродроми на оддалеченост од преку 300 километри од украинските граници.

Дозволата за изведување на удари со западно оружје на територија на Руската Федерација не го решава проблемот со овие бомби, вели тој.

„Односно, одлуката на Бајден да ни даде можност да ја погодиме нивната акумулација на опремата е позитивна, но не го решава проблемот со уништувањето на нашите градови и села. Решава тактички момент, но тоа е стратешко оружје. Ракетите „ATACMS“, кои имаат досег од 300 километри, би ни помогнале“, рекол Зеленски и побарал дозвола за гаѓање на аеродроми длабоко на руска територија.

Што се „клизни бомби“?

Западните експерти оцениле дека руското воздухопловство драматично ја зголемило својата ефикасност во војната во Украина со зголемување на употребата на клизните бомби, што придонело за неодамнешните успеси на Москва на бојното поле, пишувале уште во март американските медиуми.

Бомбите од советската ера, кои носат до половина тон експлозив, се опремени со крила и системи за навигирање кои им овозможуваат да летаат на големи далечини со поголема прецизност отколку да се фрлат над метата.

Тоа им дозволува на руските авиони да ги испуштаат подалеку од украинските противвоздушни системи.


Украинците сметаат дека најефикасниот противотров за оваа сè поголема руска закана сè уште е далеку: борбените авиони „F-16′ од американско производство од кои земјата многу очајнички зависи.

Бомбите имаат многу голема разорна моќ, рекол Дмитро Лиховиј, портпарол на украинската војска во источна Украина.

Максим Жорин од 3. одвоена јуришна бригада опишал дека 60 до 80 клизни бомби паѓале во областа Авдејевка секој ден.

„Овие бомби целосно ја уништуваат секоја позиција. Сите згради и структури едноставно се претвораат во дупка по удар на една бомба“, напишал тој на Телеграм.

Можностите на системот „Патриот“

„MIM-104 Patriot“ е американски ПВО ракетен систем со среден досег кој е развоен од компаниите „Ration“, „Hughes“ и „RCA“.

Развојот на системот е започнат во 1965-та година кога е комплетирана истражувањето за овој систем, а во 1966-та година е установена ознаката „SAM-D“ (Surface to Air Missile-Development).

Кон средината на 70-тите година настапува фаза за испитување на системот за водење на ракети каде се вклучуваат сите елементи на ракетниот систем. Тогаш се дава нова ознака за системот – „XM-104 Patriot“.

Се смета дека во 80-тите се завршени сите фази на развојот: истражување, развој и тестирање, иако опремувањето на единиците почнало нешто подоцна и се проценува дека сето тоа чинело околу 2 милијарди долари.

Американската војска има нешто повеќе од 1.100 системи Патриот во својот арсенал (483 биле оперативни во 2010-та година), и произведени се повеќе од 10.000 ракети.

Најновата верзија на системот „MIM-104 F“ има досег од 160 километри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг