Незапаметена драма на лет: Авион принудно слетал поради бизарен инцидент, патниците запрепастени од глетката

Точка

04/07/2024

15:10

2.376

Големина на фонт

а а а

Летот на „Американ Игл“ меѓу аеродромот во Чикаго О'Харе (ОРД) и аеродромот Манчестер Бостон (МХТ) беше принуден да се пренасочи и да слета на пистата на аеродромот Бафало (БУФ).

Причината за ваквата одлука е бизарен инцидент предизвикан од 25-годишник од Орегон. Тој „среде лет“ застанал во ходникот од авионот, се соблекол и уринирал пред патниците!

Веднаш по слетувањето на леталото на регионална редовна ротација, патникот е уапсен и однесен пред судијата Џеремаја Џ. МекКарти со кривична пријава за непристојно изложување.


Обвинението предвидува максимална казна од шест месеци затвор и парична казна од 5.000 американски долари, според соопштението од 3 јули 2024 година од Канцеларијата на американското обвинителство за Западниот округ на Њујорк.

Патникот, чиј идентитет не е соопштен, бил пуштен да се брани од слобода, а авионот веднаш по апсењето полетал до крајната дестинација.

Авионот е стар 18,9 години и првично беше управуван од сега веќе непостоечката еквадорска авиокомпанија Tame пред да биде префрлен во американската флота.




Спонзорирани линкови

Маркетинг