Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзална сала е проблематична, нарачавме ревизија

Макфакс

04/07/2024

15:02

616

Големина на фонт

а а а

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за култура, Зоран Љутков.

Министерот е дециден не би ставил свој потпис на ниту една натамошна акција што ќе биде поврзана со Универзалната сала.

„Испративме допис до државниот завод за ревизија да ја испита целата постапка од самиот почеток досега и ќе донесеме заклучоци по нивниот извештај“, рече Љутков одговарајќи на новинарски прашања, за време на посетата на локалитетот „Тумба Маџари“.

Пожарот во Универзалната сала изби пред три месеци во текот на градежните активности за време на нејзина реконструкција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг