Орбан ќе ја предводи Европската Унија: Се е подготвено за шестмесечното претседателство на Унгарија, проширувањето е еден од седумте приоритети

Точка

30/06/2024

14:30

1.517

Големина на фонт

а а а

Шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ започнува утре, а еден од седумте приоритети на Будимпешта ќе биде конзистентна политика која што се заснова на заслуги во однос на проширување.

Покрај проширувањето, приоритети на унгарското претседателство ќе бидат конкурентноста, одбраната, илегалната миграција, регионалниот развој, земјоделската политика и демографијата, се наведува на веб-страницата на Претседателството.

Унгарското претседателство го оцени проширувањето како една од најуспешните политики на ЕУ, додавајќи дека од клучно значење е политиката да остане заснована на заслуги, избалансирана и кредибилна.

„ЕУ долго време се занимава со обезбедување на европска перспектива за Западен Балкан бидејќи заедницата не може да биде целосна без пристапувањето на тој регион“, се наведува и се нагласува дека интеграцијата на регионот ќе има корист за ЕУ на економски, безбедносен и геополитички план.


Унгарското претседателство со ЕУ најави дека за понатамошно проширување на соработката ќе ги покани партнерите на консултации во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница.

Унгарија го презема своето второ претседавање со ЕУ во време на исклучителни околности и предизвици, според веб-страницата на претседателството и укажува на војната во соседството на Унијата, ЕУ заостанува зад глобалните конкуренти, критичната безбедносна ситуација и илегалната миграција.

Меѓу предизвиците, се наведува понатаму, се нестабилноста на меѓународните синџири на снабдување, природните катастрофи, ефектите од климатските промени, како и влијанието на демографските движења.

Дополнително, 2024 година е година на транзиција во институциите на ЕУ и унгарското претседателство ќе мора да обезбеди континуитет на работата на Советот во соработка со новиот Европски парламент и новата Европска комисија, како и да започне со имплементација на Стратешките Агенда за периодот 2024-2029 година.


„Унгарија ќе работи како чесен посредник, во духот на искрената соработка меѓу земјите-членки и институциите, за мирот, безбедноста и просперитетот на навистина силна Европа“, се наведува на веб-страницата на унгарското претседателство со ЕУ.

Слоганот на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е „Make Europe Great Again“, а логото е Рубикова коцка.

Унгарија од Белгија го презема ротирачкото претседавање со ЕУ, а на крајот на годинава ќе и го предаде на Полска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг