Средба Тошковски – Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба

Макфакс

02/07/2024

14:25

469

Големина на фонт

а а а

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.

Тошковски се заблагодари за постојаната поддршка и посветеност на Мисијата на ОБСЕ во напорите за модернизација на полициската служба, особено во делот на професионалното полициско работење, проекти за обука на полициските службеници и модернизирање на опремата. Тошковски ја потенцира решителноста за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција, како еден од основните столбови на новата Влада, како и потребата од градење модерна полициска служба која доследно ќе ги следи начелата на демократско полициско работење, но и служба која ќе се базира на начелото на заслуги и интегритет.

Осврнувајќи се на неколку поенти како главен фокус на активностите на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Вал ја потенцира посветеноста и заложбата на мисијата на оваа меѓународна организација за унапредување на работните процеси во министерството, во содејство помеѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ. Тошковски и амбасадорот Вал потенцираа дека и во иднина соработката и комуникацијата ќе биде на високо ниво.



Спонзорирани линкови

Маркетинг