Тревога во американските воени бази во Европа: Војската во состојба на готовност, опасност од терористички напади

Точка

01/07/2024

18:03

13.713

Големина на фонт

а а а

Неколку американски воени бази низ Европа прогласија узбуна и се во состојба на готовност!

Американски официјални лица изјавија за Си-Ен-Ен дека нивото на заштита е подигнато на второ највисоко ниво во текот на викендот поради загриженост дека терористи би можеле да нападнат американски воен персонал или објекти, пренесува Си-Ен-Ен.

Базите, вклучително и гарнизонот на американската армија во Штутгарт, каде што е седиштето на американската европска команда, денеска го подигнаа нивото на тревога на статус на заштита на силите „Чарли“.

– Тој статус се применува кога ќе се случи инцидент или ќе се добијат разузнавачки информации што укажуваат дека е веројатна некаква форма на терористичка акција или таргетирање на персонал или објекти – велат од американската војска.


Еден од американските функционери, кој е стациониран во база во Европа, наведува дека вакво ниво на закана не е забележано најмалку 10 години и додаде дека тоа обично значи дека војската добила веродостојни информации.

Портпаролот на американската европска команда Ден Деј одби да коментира за зголемената тревога.

Не е јасно кои разузнавачки информации ја поттикнале зголемената безбедност, но европските власти предупредија на потенцијална терористичка закана на континентот пред Олимпијадата во Париз во јули и за време на тековното Европско фудбалско првенство во Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг