Зеленски: Разговарав со Орбан за тоа како да се постигне фер и траен мир

Макфакс

02/07/2024

14:28

1.018

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Киев, дека двајцата разговарале за начините за постигнување праведен и траен мир.

„Благодарен сум на Унгарија за учеството на мировниот самит (во Биргенсток, Швајцарија минатиот месец). Нашата работа во овој формат навистина помага да се стави крај на војната“, рече Зеленски во објава на X платформата.

Тој, исто така, му се заблагодари на Орбан што ја посети Украина за прв пат по 12 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг