Германија овие денови е под лупа, откако таму се одржува Европското првенство во фудбал. Натпреварите се играат во неколку големи германски градови, а покрај најважната споредна работа на светот, посетителите секако ќе уживаат и во други атракции.
Сепак, она што на многумина им е важно кога станува збор за патување е храната. А еве кои специјалитети во Германија се на листата на оние кои дефинитивно треба да ги пробате!
Колбаси
Еден од најпопуларните „улични“ рецепти е варениот, а потоа печен свински колбас исечен на крукчиња со големина на залак, послужен со кари, кечап и помфрит.
„Currywurst“ е достапен на сите штандови за колбаси низ Германија, а се здобил со популарност затоа што е евтино и брзо јадење, лесно се подготвува, а вкусно е и заситува.
Исто така, постојат традиционални германски колбаси од свинско, телешко и говедско месо. Тие се во светла боја и малку зачинети со сол и бел бибер, лук и морско оревче.
Се служат на скара, со салата од компири и кисела зелка.
Шпецли со сирење
Традиционални тестенини направени од јајца, брашно, сол и газирана вода.
Се сервираат како посебно јадење, како прилог на јадења со месо или како додаток на супи, а најпопуларниот облик на сервирање е со сос од сирење.
„Käsespätzle“ се најпопуларни во јужна Германија.
Кисела зелка
Тенко исечена, ферментирана зелка, е всушност германски национален специјалитет – „sauerkraut“.
Во Германија се користи како прилог со различни јадења со месо, особено колбаси и компири. Исклучително е здрав и добар за варење, полн со витамини, минерали, влакна и пробиотски бактерии.
Переци
Долго тесто кое се витка во јазол, се вари, па се пече. Резултатот е меко тесто и кафеава сјајна кора.
Шварцвалд торта
Шварцвалд тортата, популарна и кај нас, е германски специјалитет и воопшто еден од нивните најпознати десерти.
Чоколадната торта со вишни и шлаг е позната и под името Black Forest cake, a во Германија е присутна на сите прослави, од родендени до свадби.