Нутриционист вели: „Никако не ги консумирајте овие намирници во периодот помеѓу 21 и 23 часот“

Точка

10/12/2024

14:17

7.736

Големина на фонт

а а а

Доколку имате проблеми со спиењето, за тоа можеби е виновна храната која ја консумирате. Нутриционистот Тоби Кинг вели дека некои намирници можат да го нарушат квалитетот на вашиот сон, особено ако ги јадете пред спиење.

Доколку одите на спиење во периодот помеѓу 21 и 23 часот, избегнувањето на овие намирници може да ви помогне полесно да заспиете како и подобро да се наспиете.

Кромид

Кромидот можеби изгледа безопасно, но Кинг предупредува тој дека може да биде вистински проблем за вашиот сон.


Кромидот може да предизвика рефлукс (киселина) доколку легнете да спиете веднаш по консумирањето, предизвикувајќи горушица и непријатност. Исто така, неговите влакна можат да предизвикаат надуеност и непријатност. Доколку сте чувствителни, најдобро би било да го избегнувате кромидот навечер, пишува „Експрес“.

Протеински шејкови

Протеинските шејкови многумина ги користат за градење на мускули, но Кинг вели дека тие не се најдобар избор пред спиење. Иако тие можат да помогнат во обновата на мускулите преку ноќ, нивното консумирање може да го забрза вашиот метаболизам додека одмарате.


Протеините можат да предизвикаат телото подолго време да ја преработува храната, што може да ги наруши циклусите на длабок сон и да предизвика замор следниот ден.

Ферментирана храна

Ферментираната храна, како што се киселата зелка и кимчи, кои се добри за здравјето на цревата, можат да предизвикаат подуеност и дигестивни проблеми доколку се консумираат навечер.


Овие производи се богати со пробиотици и киселост, што може да го иритира вашиот дигестивен систем додека се обидувате да заспиете, па поради тоа најдобро е да ги консумирате во текот на денот.

Одредени сирења

Кинг предупредува дека сирењата како пармезан, бри или гауда содржат аминокиселина тирамин, која го стимулира ослободувањето на норепинефрин, хормон кој може да ве држи будни.


Сирењата можат да ја попречат релаксацијата на вашето тело и да ве спречат да се смирите пред да заспиете.

Црно чоколадо

Иако црното чоколадо може да содржи супстанции кои помагаат за спиењето, како што се магнезиум и триптофан, исто така содржи и теобромин, природен стимуланс кој може да ја зголеми вашата температура и да предизвика потење. Доколку сакате чоколадо, најдобро е да уживате во него во текот на денот, а не пред да си легнете.


Доколку се борите со несоница, постојат намирници кои можат да ви помогнат побрзо да заспиете и да го подобрите квалитетот на сонот, а експертите препорачуваат:

Сложени јаглехидрати: Целите житарки, како што се тост од интегрален леб или овесна каша, помагаат во производството на серотонин, кој го поттикнува спиењето.

Мисиркино месо: Содржи триптофан, кој го зголемува производството на мелатонин, хормон кој го поттикнува спиењето.


Мрсна риба: Содржи омега-3 масни киселини и витамин Д кои помагаат во регулирањето на сонот.

Јаткасти плодови: Содржат мелатонин, а особено ф’стаците.

Банани: Тие се богати со калиум, кој помага да се релаксираат мускулите.

Бадеми: Содржат магнезиум, кој исто така помага во релаксирањето на мускулите.


Топло млеко: Млекото може да ви помогне да се опуштите и подобро да спиете.

Чај од камилица или нане: Тие се познати по своите својства кои го поттикнуваат сонот.

Сок од кисели цреши: Може да ви помогне да спиете подолго и помалку да се будите во текот на ноќта.