Блогерот Дру Бински, вљубеникот во патувања кој го обиколи светот, неодамна го посети и Столипиново, најголемата ромска населба во Европа. Овој уникатен кварт се наоѓа во Бугарија, во предградието на Пловдив, а се проценува дека таму живеат повеќе од 70 илјади Роми.
Животот таму не е едноставен, ниту безгрижен. Повеќе од 35 години во Столипиново нема инвестирање во инфраструктурата, а многу куќи и станови го немаат ниту основното како: струја, вода и канализација. Тука се јавува и проблем со одложувањето на отпадот, па така на улиците можат да се забележат купишта ѓубре.
„Дали Ромите ќе сакаат да разговараат со нас? Дали е премногу опасно да се снима?“, се прашуваше Дру пред заедно со својата екипа да пристигне во оваа населба, во којашто не одат ниту жителите на Пловдив поради стравувања за личната безбедност.
„Бев нервозен и исплашен околу посетата на Столипиново – не знаев што ќе ме пречека и како ќе ме примат. Но, како што одминуваше денот, тие чувства целосно се стопија. Наместо тоа, открив заедница полна со топлина, сила, неверојатни луѓе со големи срца и инспиративни приказни“, вели патописецот чие видео можете да го погледнете во продолжение.