Рибите се богати со есенцијални хранливи материи како што се омега-3 масните киселини, висококвалитетни протеини, разни витамини и минерали и можат да биде одличен избор во рамки на урамнотежената исхрана. Меѓутоа, не секој вид риба е најдобра опција за здравјето.
Нутриционистката Мишел Рутенштајн вели: „Не сите риби се исти кога станува збор за нивниот нутритивен состав, така што изборот на специфични видови риби може да биде покорисен за вашето здравје“.
Најдобра риба за здравјето
Лосос
„Лососот е меѓу најдобрите избори на здрава риба. Богат е со омега-3 масни киселини, масти кои го поддржуваат здравјето на срцето и мозокот, а исто така е богат со протеини“, вели нутриционистката Лора Рајт.
Истражувањата покажуваат дека консумирањето на омега-3 масните киселини ја намалува вкупната смртност од срцеви заболувања, го намалува крвниот притисок и триглицеридите. Исто така има и антиинфламаторни својства кои им помагаат на луѓето со артритис, пишува „Fox News“.
Сардина
Сардините се богати со омега-3 масни киселини (EPA и DHA), кои го помагаат здравјето на срцето како и калциум, кој помага за здравјето на коските и редовните (правилните) отчукувањата на срцето. Освен тоа, сардините се извор и на витамин Д.
Треба само да ја споменеме разликата помеѓу сардините и сарделите. Свежите сардели се риби во нивната природна форма и имаат поблаг вкус и мирис. Поради нивната свежина, брзо се расипуваат и потребно е да се чуваат во фрижидер. Од друга страна, конзервираните сардини се сардели кои поминале низ процес на конзервирање, со што се продолжува нивниот рок на траење. Иако тие можеби се помрсни и им е сменета текстурата, сепак се добар извор на нутриенти, а практични се за долгорочно складирање без потреба од ладење.
Најлошата риба за вашето здравје
Ајкула
„Треба да се нагласи дека оваа риба можеби не е најздрава“, вели Рајт. Како што вели, „ајкулата има многу голем удел на жива, која е невротоксин“. Бремените жени и децата треба целосно да ја избегнуваат.
Туна
Туната е добар извор на витамини Б6 и Б12, кои го поддржуваат здравјето на имунолошкиот систем и нервите. Меѓутоа, не е богата со омега-3 масни киселини и содржи високо ниво на жива.
Се препорачува ограничување на внесот на туна на еден до два пати неделно, а поради високата содржина на жива, туната не се препорачува за деца, трудници и доилки.