[ВИДЕО] Америка тестира ново оружје во Украина: „Хокај“ тајно испорачана на фронтот, спуштена со падобран и подготвена за борба

Точка

26/06/2024

19:54

2.251

Големина на фонт

а а а

Американската корпорација „AM General“ на украинската армија и ја испорача најновата хаубица 2-CT Хокај калибар 105 мм, која се уште е во фаза на тестирање во американската армија.

Од „Дифенс експрес“ пренесуваат дека испораката во Киев била извршена во април годинава, но се чувала во тајност се додека официјално не била објавена од Мајк Еванс, директор на програмата за развој на оваа хаубица во „AM General“.


Се вели дека се работи за лесен артилериски систем кој е развиен во 2019 година во соработка со „Мандус груп“, а две години подоцна американската армија одобрила договор за производство на два примероци за тестирање.

„Киев пост“ пишува дека Еванс ги презентирал информациите за тајната испорака на оваа хаубица во Украина на неодамна одржаниот симпозиум на американските производители на артилериско оружје.


Тој изјави дека оружјето му било дадено на Киев за оперативно тестирање во живо и проценка на ефикасноста на бојното поле.

Дифенс Еспрес први ја објавија веста во неделата, наведувајќи дека хаубицата е поставена на повеќенаменското возило HMMWV, познато и како Хамви, кое исто така е произведено од AM General, а ова оружје за прв пат беше претставено на јавноста на Меѓународниот Саем за одбранбена индустрија одржан во февруари 2019 година во Абу Даби.


Се вели дека 2-CT е модифицирана верзија на хаубицата М20 од 105 мм што веќе се користи од американската војска.


Лесна е и во исто време помоќна од хаубицата од 120 мм.


Потребна е многу мала подготовка за управување со овој артилериски систем и хаубицата е практично подготвена за борба веднаш штом ќе се постави во позиција.


Предноста на оваа хаубица во војната во Украина е што може брзо да се преместува од позиција на позиција, што им отежнува на артилериските радари и беспилотни летала да ја детектираат.