Припадници на српското МВР, УКП, Службата за борба против организиран криминал, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал, спречија активности на организирана криминална група осомничена за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на допинг средства, како и здружување заради извршување на кривични дела.
Поднесена е кривична пријава против организаторот С.Р. (1980) и ко-организаторот С. Ј кои се во бегство, додека уапсени се ко-организаторите Л.Б (1986) и М.С (1981), како и уште шест членови на оваа организирана криминална група Н.Т. (1981), Ј.Б. (1998), М.В. (1975), Б.К. (1983) и Д. В (1974).
Откако Министерството за внатрешни работи на Република Србија во 2022 година доби информација дека еден од корисниците на анаболички стероиди купени во Република Србија е во животна опасност на територијата на Хрватска, СБПОК започна опсежна истрага наречена „Довер“.
Во соработка со Полициската управа за град Белград, ПС Сурчин, ПС Нови Белград и ПУ Чачак-ПС Горњи Милановац, запленети се околу три тони стероиди чија вредност е повеќе од три милиони евра.
Во текот на денешната акција одземени се десет возила, 500.000 евра во крипто валути, 100.000 евра, 10 луксузни часовници од марките „Ролекс“, „Брајтлинг“, „Картие“ и други.
Во претходниот период оваа група се стекнала со големо богатство кое го инвестирала во луксузни автомобили, станови, куќи, како и луксузен начин на живот. Затоа е започната истрага за сомнително кривично дело перење пари, при што на членовите на групата им биле блокирани банкарските сметки и сефовите и одземени се неколку луксузни станови и куќи.
Постои сомнеж дека оваа организирана криминална група вршела илегален увоз и дистрибуција на анаболички стероиди претежно со потекло од Индија, а дел се произведувале во импровизирани лаборатории. Дополнително, на пакувањата на кои им бил истечен рокот, тие ги менувале датумите на подолг временски период, со што дополнително го загрозувале крајниот корисник.
Постои сомнеж и дека С.Р. создал висока криминална мрежа со голема финансиска моќ, чии членови за да избегнат гонење од страна на полицијата користеле шифрирани апликации за комуникација меѓу членовите на организираната кримална група.
Се сомнева дека тие биле поврзани со други организирани криминални групи кои дејствувале на територијата на Чешка, Словачка, Македонија, Хрватска, Унгарија, Полска и Англија, преку кои продавале допинг средства во други земји на ЕУ.
На уапсените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат спроведени до надлежното обвинителство.
Како што веќе пишуваше српски „Блиц“, меѓу уапсените за продажба на забранети допинг средства е и поранешниот учесник во реалното шоу„Фарма“ Лепомир Бакиќ.
Лепомир Бакиќ, професионален бодибилдер, ја креираше веб-страницата „Body up“ преку која ја рекламираше продажбата на забранети допинг средства и ги продаваше заедно со другите членови на оваа организирана криминална група.