[ВИДЕО] Хрватската атлетичарка дознала дека сопругот ја изневерува во живо на ЕП, еден детаљ на спорната снимка го издал

Точка

25/06/2024

12:52

14.596

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите хрватски атлетичарки во историјата, Бланка Влашиќ, дознала дека нејзиниот сопруг, познатиот спортски новинар Рубен ван Гухт ја изневерува, а тоа се случило во програма во живо!

Ван Гухт моментално известува за Европското првенство во Германија, а при неговото вклучување во програма на една телевизија зад неговиот грб се гледале женски нозе. Кога видел што се случува, новинарот се обидел да ја сокрие сцената со шолја кафе, но веќе било доцна, а видеото започна да кружи на социјалните мрежи.

Бланка и Рубен се венчаа на 26-ти мај 2022 година, а сега е јасно дека бракот ќе биде разнишан доколку Ван Гухт не успее да ја објасни целата ситуација. Од спорното видео до сега, новинарот се огласи само еднаш преку својот Инстаграм профил, но не споменал ништо во врска со скандалот.

За потсетување, познатата хрватска атлетичарка Бланка Влашиќ, една од најдобрите атлетичарки во дисциплината скок во височина, по долгогодишна борба со повредите објави крај на кариерата во 2021 година.

40-годишната сплиќанка не се натпреварувала од Олимписките игри во Рио во 2016 година и реши да стави крај на блескавата кариера во која двапати беше светска шампионка на отворено и сала, еднаш европски првак и освои два олимписки медали - сребро во Пекинг 2008 година и бронза во Рио.

Вкупно, таа освои 19 медали на големите натпреварувања, од кои 13 златни.

Нејзиниот личен рекорд е 2,08, што е втор најдобар резултат во историјата, зад Бугарката Стефка Костадинова, која го постави светскиот рекорд уште во 1987 година - 2,09.



Спонзорирани линкови

Маркетинг