Шпанија имаше одличен настап во групната фаза каде со три победи над Италија, Хрватска и Албанија го освои првото место и во осминафиналето ќе ги одмери силите со Грузија.
Одлична е атмосферата во шпанската селекција по овие резултати иако се свесни дека допрва следуваат најважните борби, борби во кои секоја грешка скапо се плаќа. Феран Торес е еден од играчите кој не е во прв план на турнирот, но затоа неговиот соиграч од Барселона, Ламин Јамал уште еднаш потврди дека е голем талент, играч кој едноставно сите ги импресионира со своите потези, зрелост со тоа што притоа не треба да се заборави дека има само 16 години.
- Треба да му се забрани да игра. Што прави ова дете на 16 години, -вели Феран кој запрашан за информациите дека Шпанија може да биде казнета ако Јамал игра на натпревар по 23 часот, односно има германските закони за работни односи кои спречуваат помлади од 18 години да работат по тоа време.
- Ќе го пријавам во полиција по 14 јули. Прво нека ни помогне да го освоиме. не го знаев тоа; Ќе одам и ќе му кажам сега, ќе се зафркавам, ќе има шеги околу тоа. Надвор од теренот, го поминуваме целиот ден, сите заедно: нема групи. Играм пикадо. Научив во Манчестер со Фил Фоден и сето тоа. Не сум лош, ама не толку добар како нив: тие играат со години во паб со пиво, - вели офанзивецот.