Дугари: Ако не ја победиме оваа Белгија, тогаш…

Дерби

28/06/2024

13:21

1.746

Големина на фонт

а а а

Франција не се прослави во првиот дел од Европското првенство, но ја мина групната фаза и сега со нови сили ќе го започне вториот дел во кој за ривал во осминафиналето ќе ја има Белгија.

„Триколорите“ важат за фаворити во дуелот и тоа го призна и првата ѕвезда на белгиската селекција Кевин Де Брујне. Притисокот дефинитивно е врз Французите, но според Криштоф Дугари тоа не би требало да биде проблем за една селекција која цели кон освојување на пехарот.

- Оваа селекција на Белгија е слаба, тие не се ништо посебно. Како индивидуалци имаат силни фудбалери, меѓутоа не гледам од што треба да се плашиме. Ако не можеме да ги победиме нив, нема што да играме повеќе на ЕП. Јасно ми е зошто белгиските фанови се разочарани. Нема брзина, нема агресија, едноставно нивната игра изгледа досадно, - смета некогашниот фудбалер на Барселона, Милан, Бордо и Олимпик Марсеј.

Франција и Белгија ќе ги одмерат силите на 1 јули во Дизелдорф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг