Пред неколку дена спортскиот новинар Рубен Ван Гухт се најде во една несекојдневна ситуација.
Имено, во текот на јавувањето во емисијата „Radio 2 Weekwatchers“ од хотелската соба, гледачите забележале пар женски нозе на креветот на Гухт во позадина. Кога сфатил дека нозете се гледаат, новинарот се обидел да ги скрие доближувајќи ја шолјата кафе до камерата, но безуспешно.
Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, а само неколку дена подоцна хрватските медиуми почнаа да шпекулираат за тоа која е младата дама чии нозе се гледаат на снимката.
Имено, како што тврдат медиумите во Хрватска, Ван Гухт ја изневерил Бланка со Шарлот ван Лој, девојка со која веќе има историја.
Рубен сега се огласи на својот Инстаграм профил каде известува за Европското фудбалско првенство во Германија, а поради некои реченици се верува дека дал неофицијално соопштение во врска со споменатата афера.
„Луѓето се луѓе. Луѓето не се добри секој ден. Луѓето грешат. Прво јас, играчите, сите ние. Сите признаваат дека тоа беше пеколен натпревар, па така и играчите...“, е дел од објавата на Рубен во која тој известува за играта на Холандија и Австрија, но за која некои сметаат дека е суптилен одговор на неодамнешните наслови во медиумите.