Кој е најблиску до пехарот? Суперкомпјутер прогнозираше кој ќе ја освои титулата на ЕП

Дерби

28/06/2024

11:26

1.679

Големина на фонт

а а а

Утре започнува нокаут фазата на Европското првенство со дуелите меѓу Швајцарија-Италија и Германија-Данска, фаза во која нема право на грешка затоа што секој пораз значи и елиминација од турнирот.

Има интересни, занимливи парови во осминафиналето, па пред нив суперкомпјутерот на Опта даде прогноза за шансите на сите селекции, поточно кој во моментов е најблиску до пехарот, но и какви се шансите на секоја репрезентација поединецот да се пласира во четвртфиналето, полуфиналето и завршната рунда.

Иако не блескаат Англичаните со 20 проценти се најблиску до можност да бидат шампиони по што следува Шпанија со 17,2, Германија со 15,8 и Франција со 13,4 проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг