Русите истрелаа крстаречки ракети во Одеса: Силни експлозии во украински град на Црното Море, зафатена цивилна инфраструктура, има жртви

Точка

24/06/2024

14:35

2.485

Големина на фонт

а а а

Украинскиот пристанишен град Одеса денеска повторно бил цел на руски напади со крстаречки ракети.

Нападната е цивилна инфраструктура во Одеса, а предизвикани се и жртви, соопштија украинските власти.

Укринформ пренесува дека ова на Телеграм го соопштил Олех Кипер, шеф на државната администрација на регионот Одеса.


Киев пост на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека во Одеса одекнале експлозии и дека локалните медиуми пишуваат дека над градот се издига чад.

Се наведува дека, според прелиминарните податоци, две руски крстосувачки ракети биле лансирани кон Одеса.


Кипер изјави дека на некои од жртвите веќе им била укажана лекарска помош и нивниот точен број се утврдува.

– Пожарот се гаси – изјави украински функционер од Одеса.


Претходно, Генадиј Труханов, градоначалникот на Одеса, на Телеграм објави дека експлозијата се случила за време на тревога за воздушна закана.

- Експлозијата се слушна во градот - напиша Труханов.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека ракетите, кои се движеле во правец на Миколаев и низ регионот Баштански кон северозапад, го промениле правецот и се упатиле кон Одеса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг