[ФОТО/ВИДЕО] Ураганот Хелен ја опустоши Флорида, глетките се застрашувачки: Најмалку 10 загинати, четири милиони луѓе без струја – сценарио како од ноќните мори

Макфакс

27/09/2024

19:35

1.496

Големина на фонт

а а а

Обилниот дожд ги поплави патиштата и ги затвори аеродромите во Флорида пред ураганот „Хелен“ да стаса на копно. Најмалку десет лица загинаа, пренесуваат светските медиуми.

Според последните информации, ураганот слабее и е насочен кон Џорџија, а потоа кон Јужна и Северна Каролина. Локалните власти известуваат за екстремна штета во делови на Флорида и Џорџија. Поплавите и свлечиштата предизвикуваат проблеми, а спасувачките служби се обидуваат да се пробијат до отсечениот дел.

Официјалните лица стравуваат дека ќе бидат откриени повеќе жртви бидејќи невремето ја пустоши Флорида со ветрови со брзина од 225 км/ч. На пат кон Џорџија ветровите „забавија“ до 120 км/ч.





Националната метеоролошка служба (NWS) издаде предупредување за поплави во централна Џорџија, вклучувајќи ја и Атланта и околината.

Загрозени се повеќе од милион жители, со 246 училишта и 23 болници во областа.

Ураганот „Хелен“ рано утринава навлезе во Џорџија, со постојан ветер од 177 км/ч. Две лица веќе загинаа јавуваат локални медиуми.

Градоначалникот на Атланта, Андре Дикенс, ги повика жителите да останат дома додека спасувачките екипи продолжуваат со операциите за да стигнат до заглавените од поплавите.



Првите интервенции доведоа до десетици спасувања а беа извлечени најмалку 25 луѓе на безбедно, многумина од покривите, рече тој.

Гувернерот на Џорџија Брајан Кемп рече: „Сè уште имаме луѓе заробени во домовите во кои се обидуваме да влеземе. Веќе имаме многу ресурси на теренот, ја повикуваме дополнително Националната гарда и ќе направиме се што можеме“.




Кемп рече дека Атланта изгледа е поштедена од значителна штета од ветерот. Неколку болници во јужна Џорџија останаа без струја откако ураганот „Хелен“ ги оневозможи резервните генератори, рече тој.

По најсилните удари на ураганот „Хелен“ се сумираат штетите предизвикани од силните ветрови и обилните дождови кои доведоа до бројни поплави и активирање на одрони. Досега е потврдена смртта на 10 лица.

Степенот на штетите во Флорида почна да се зголемува по зори. Градот Тампа соопшти дека итниот персонал спасил 78 жители од водата и дека многу патишта се непроодни поради надојдените води. Канцеларијата на шерифот на округот Паско во текот на ноќта спаси повеќе од 65 луѓе.

Официјалните лица ги молеа жителите кои беа на удар на „Хелен“ да ги почитуваат наредбите за евакуација, опишувајќи го „напливот на бура како неодржлив“. Некои, сепак, тврдоглаво одбија евакуација и останаа во местото на живеење. „Имаме наредба, но јас ќе останам дома“, изјави за Ројтерс Кен Вуд пред бурата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг