Македонката Соврановски која исчезна во Германија пронајдена мртва, полицијата сомничи маж за убиство

Макфакс

27/09/2024

22:48

2.334

Големина на фонт

а а а

Македонката Наташа Соврановски која што беше пријавена за исчезната на втори септември во Германија е мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство.

Нејзиното тело е пронајдено минатиот понеделник во шумска област во Бад Тејнах – Завелштајн, кој се наоѓа во близина на градот Штутгард, информираат од германската полиција.

Во рамки на истрагата, осомничен за убиството е 45-годишен маж кој, како што наведува полицијата, имал лична врска со Соврановски. Тој е приведен и на него му е определена мерка притвор. Се сомничи за убиство од небрежност.

Полицијата ги повика сите оние кои биле сведоци или имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Македонката да ги контактираат.

25-годишната девојка последен пат била видена на втори септември во 20:15 часот во Бад Тејнах – Завелштајн, во близина на Штутгард. Од тогаш ѝ се загуби секаква трага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг