[ФОТО] Чарли Чаплин е новиот Хитлер за нашите соседи? Родителите на осмооделенците во Србија шокирани поради учебникот по историја

Точка

27/09/2024

21:38

836

Големина на фонт

а а а

Родителите на осмоодделенци во Србија останале запрепастени кога во учебникот по историја наместо Адолф Хитлер, кој се споменува во лекцијата, го виделе ликот на славниот Чарли Чаплин, пренесува српскиот портал Нова.

Во последниве години, родителите во Србија често се изненадени кога ќе најдат одредени нелогичности во училишните учебници на нивните деца или пропусти од издавачките куќи. Најновиот настан, најблаго кажано, шокираше некои мајки и татковци, но и нивните деца (се разбира, оние кои забележале што не е во ред во книгата), пишува „Нова.рс“.

Имено, во учебникот по историја за осмо одделение на издавачката куќа „Бигз школство д.о.о“ на страници 28-29 стои лекција наречена „Европа, светот и српскиот народ во југословенската држава во периодот меѓу двете светски војни“. Но во книгата по историја наместо Хитлер кој се спомнува во лекцијата завршила фотографија од Чарли Чаплин. Всушност, учебникот илустрирал сцена од филмот „Големиот диктатор“, во кој Чаплин го толкува ликот на Адолф Хитлер.


Родителите кои забележале дека фотографијата на германскиот диктатор е заменета со слика на Чарли Чаплин, биле шокирани и збунети зошто е тоа така.

„Ова е скандалозно! Образованието е веќе доволно расипано. Навистина ми е нереално издавачката куќа, односно Министерството за образование, кое го одобри овој учебник, прифати да се користи ликот на Чарли Чаплин наместо Хитлер. Па чекај, не се децата глупави. Можеби некои од нив не ги интересира историјата, но нема шанси да не знаат кој бил Хитлер. Можам само да заклучам дека на овој начин ги прават луди“, изјавил за „Нова.рс“ огорчен родител.

Како што е наведено на корицата на споменатата книга, автори на учебникот се Урош Миливојевиќ, Зоран Павловиќ и Весна Лучиќ, а издавачка куќа е „Бигз“, како што пишува порталот.


Уредниците на порталот „Нова.рс“ стапиле во контакт со овој издавач за да им објасни зошто се заменети споменатите ликови, како и дали тоа е направено намерно или „го пропуштиле тој детаљ“.

Од „Бигз“ истакнале дека поставеното прашањето не е за нив, туку за Институтот за унапредување на образованието.

„Ние во нашиот опсег на работа немаме ништо поврзано со учебниците“, велат тие.

Потоа во друг мејл подетално посочиле зошто сцената од филмот е ставена во учебникот.


„Фотографијата која ја карактеризирате како „спорна“ е свесно и наменски ставена на воведните две страници од поглавјето од учебникот кое го обработува периодот на историјата меѓу двете светски војни. Станува збор за секвенца од култниот филм „Големиот диктатор“ од 1940 година. Смислата на фотографијата е да ги илустрира тенденциите во уметноста во меѓувоениот период, бидејќи темата на учебникот не е само политичка историја, туку и културата на ерата за која се зборува“, истакнале од „Бигз“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг