Италија го враќа законот на Мусолини во училиштата, кој овозможува учениците да повторуваат година врз база на посебна оценка за поведение

Точка

27/09/2024

20:42

1.040

Големина на фонт

а а а

Италија повторно ја воведува оценката за поведение на учениците поради сè поголемата загриженост поради агресивното однесување спрема професорите.

Оваа мерка, којашто потсетува на законот воведен во времето на фашистичкото владеење на Бенито Мусолини, во 1924 година, кој им овозможуваше на училиштата да ги оценуваат учениците исклучиво врз база на нивното однесување.


Учениците коишто за своето поведени, ќе добијат пет или пониска оценка ќе ја повторуваат годината, дури иако сите останати оценки им се задоволувачки. Оние коишто ќе добијат оценка шест ќе мораат да полагаат тест по граѓанско воспитување, а оценката за поведението ќе влијае и врз матурата.


Министерот за образование Џузепе Валдитара изјави дека оваа мерка, ја враќа почитта и авторитетот на професорите, и им дава поголема одговорност на учениците. Исто така воведени се и парични казни о д 500 до 10.000 евра за насилство или агресивно однесување спрема персоналот во училиштата.

Студентите негодуваат

Овој закон доаѓа во период кога е забележен раст од 110% на агресивните инциденти во училиштата во споредба со претходната година,а професорите честопати се соочуваат со насилство, понекогаш дури и од родителите на учениците.


Од друга страна, студентите се спротивставија на законот, тврдејќи дека тој ја зајакнува авторитарната и казнена култура во училиштата, и исто така сметаат дека оценката за поведени ќе може да се користи како репресивно средство.

Оваа нова мерка, во минатото важела до 1970 година, кога била укината поради студентските протести. Овој „нов“ закон, којшто е веќе одобрен од страна на Сенатот, помина во Долниот дом на италијанскиот парламент. Меѓутоа некои политичари, како што е Ана Аскани од Демократската партија, сметаат дека овој закон претставува враќање во период којшто би било подобро да се заборави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг