[ВИДЕО] Славната Селин Дион добила овации на концертот на Стјепан Хаусер: Една песна ја отсвирел специјално за музичката дива

Точка

24/06/2024

14:29

3.002

Големина на фонт

а а а

Музичарот Стјепан Хаусер периодов е на турнеја во Америка, каде изминативе денови на еден од неговите настапи присуствувала и познатата Селин Дион.

Дивата со светски глас веќе две години не се појавува толку често во јавноста, бидејќи боледува од тешка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност.


Вистинска привилегија е да се види во јавност, а кога се појавила на настапот на Хаусер, настанал хаос. Хрватот добро знаел како да ѝ укаже чест на својата важна гостинка, па специјално за неа отсвирел кавер од насловната песна на „Титаник“ која ја интерпретира токму Дион.

Преплавена од емоции, таа седела целосно занесена во настапот до самиот крај. По завршувањето на песната, станала со остатокот од публиката и ентузијастички му аплаудирала на Хаусер.


Таа се заблагодарила и кимнала со главата во знак на почит кон присутните на концертот. Покрај тоа, им испратила и неколку бакнежи заедно со слатки зборови на благодарност. Балканскиот шармер се обидел да ја убеди да му се придружи на сцената, но таа учтиво го одбила.

„Ви благодариме што сте тука, за нас е голема чест. Уживајте во остатокот од шоуто“, ѝ рекол Хрватот на Селин.

Двајцата имале можност официјално да се сретнат и разговараат по концертот зад сцената. Селин тогаш не го криела воодушевувањето од неговата работа и дело, а била направена и заедничка фотографија.


„Долго го чекав овој момент! Ви благодарам Селин што дојдовте со вашето семејство на мојот концерт во Вегас, ми беше чест!“, стои во описот на нивната заедничка фотографија на мрежите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг