500 фунти за роденденски желби или инсистирање дека „знаете подобро од диџејот“: Диџеј објавил ценовник за „музички желби“, некои чинат и до 1000 фунти

Точка

20/06/2024

14:25

2.846

Големина на фонт

а а а

Колин-Џингел Гуд, британски диџеј, вовел серија високи надоместоци за оние кои инсистираат да им пушти одредени песни, а некои „чинат“ и до 1000 фунти.

51-годишникот од Колчестер, Англија веќе 17 години работи како диџеј, а со текот на годините се сретнал со различни типови на луѓе, поради што дошол до идеја како да си ја олесни работата.

По речиси две децении работа, на овој диџеј му здодеале луѓето кои не прифаќаат „не“ за одговор кога ги одбива нивните барања и одлучил да им го наплаќа тоа инсистирање.


Британецот, кој е резидентен диџеј во бар во неговиот роден град, одлучил дека е крајно време луѓето да добијат „пристоен потсетник“ да не се мешаат во неговата плејлиста – во спротивно ќе се соочат со голема сметка.

Најскапата песна што гостите можат да ја побараат чини 1000 фунти и е песната на бендот „The Killers“ – „Mr. Brightside“. Фановите на „Oasis“ исто така треба да ги подготват своите паричници бидејќи доколку сакаат да ја слушнат „Wonderwall“ ќе треба да платат 500 фунти, додека „Sex on Fire“ во изведба на бендот „Kings of Leon“ чини 250 фунти.

Диџејот објаснил дека на неговите настапи истакнувал натписи со детали за ценовникот и досега тоа функционира - гостите не побарале ниту една песна од „црната листа“ откако тој го направил тоа.


Другите „казни“ што гостите на неговите настапи би можеле да ги добијат вклучуваат надомест од 100 фунти за „песни што не одговараат на плејлистата“, 50 фунти за „роденденски барања“, 100 фунти за инсистирање песната да се пушти следна и 500 фунти за „инсистирање дека знаете подобро од диџејот“.

Разговарајќи за причините за овој потег, Колин објаснил дека се надева дека тоа ќе ги одврати гостите да му додеваат поради непристојни музички желби.

„Повеќето луѓе бараат песни што лично им се допаѓаат, но тоа не секогаш одговара на енергијата на ноќта или атмосферата“,објаснил тој за „Daily Gazette“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг