Вештачката интелигенција им ги зема работните места на пишувачите. Сега добиваат плата за да направат да звучи како човек

Точка

18/06/2024

15:30

5.999

Големина на фонт

а а а

Благослов или клетва: Пишувачите имаат нова задача да внесат живот во текстовите креирани со помош на алатки за генерирање на вештачка интелигенција

Ако ве загружува како вештачката интелигенција ќе влијае на вашата работа, светот на пишувачите нуди поглед кон иднината.

Пишувачот Бенџамин Милер (не е негово вистинско име) забележа голем подем на почетокот на 2023 година. Тој беше лидер на тим кој броел над 60 писатели и уредници, кои се занимавале со објава на блог постови и написи со цел да се промовира технолошка компанија која пакува и препродава податоци за сè, од недвижен имот па се до користени автомобили. „Тоа беше навистина напорна работа“, вели Милер, шанса да ја развие креативноста и да се соработува со експерти на различни теми. Но, еден ден, менаџерот на Милер му презентирал нов проект. „Тие сакаа да користат вештачка интелигенција за да ги намалат трошоците“, вели тој. (Милер потпиша договор за необјавување и побара од Би-Би-Си да го задржи неговото и името на компанијата.)


Еден месец подоцна, бизнисот воведе автоматизиран систем. Менаџерот на Милер впишувал наслов за статија во онлајн формулар, модел со вештачка интелигенција генерирал скица врз основа на тој наслов, а Милер добивал известување на неговиот компјутер. Наместо да смислуваат свои идеи, неговите пишувачи создавале текстови околу тие скици, а Милер правел финално уредување пред да бидат објавени приказните. Милер имал само неколку месеци да се прилагоди пред да добие вест за второто ниво на автоматизација. Следното нешто било тоа што ChatGPT ги пишувал написите во целост, а повеќето од неговиот тим биле отпуштени. На неколкуте преостанати луѓе им остана уште помалку креативна задача: уредување на текстот на ChatGPT за да звучи почовечки.

До 2024 година, компанијата го отпушти остатокот од тимот на Милер, а тој останал сам. „Одеднаш ја вршев работата на сите“, вели Милер. Секој ден, тој ги отворал документите напишани со помош на вештачка интелигенција за да ги поправи формулските грешки на роботот.

Во бројни индустрии, вештачката интелигенција се користи за производство на работа што некогаш била домен исклучиво на човечкиот ум

„Најчесто, се работеше само за подзачистување на работите и правење на пишувањето да звучи помалку непријатно, отсекувајќи чудно формален или преентузијастички јазик“, вели Милер. „Имав повеќе работа отколку што би ја имал доколку би уредувал текстови на пишувачи. Вистинскиот проблем беше што сето тоа беше толку репетитивно и досадно. Почнав да чувствувам како јас да сум роботот“.


Искуството на Милер одразува поширока промена. Во бројни индустрии, вештачката интелигенција се користи за производство на работа што некогаш беше ексклузивен домен на човечкиот ум. Вештачката интелигенција често е поевтина од некоја личност, но оние што усвојуваат брзо учат дека не може секогаш да работи на исто ниво како и човекот. Сега, луѓето како Милер се наоѓаат во ситуација во која се бара од ив да се здружат со истите роботи кои им ги крадат работните места за да им дадат на алгоритмите малку човечност - скриена армија што прави вештачката интелигенција да изгледа подобро отколку што навистина е.

Ако вештачката интелигенција стане драматично поефикасна, ова ќе биде привремено решение. Ако не е така, приказната на Милер би можела да биде преглед на она што ги чека другите професии.

Дали вештачката интелигенција ќе ви ја украде работата? Тешко е да се каже. Се наоѓаме на вознемирувачка раскрсница, каде што некои експерти предупредуваат дека суперинтелигентните роботи наскоро ќе го заменат најголемиот дел од човечката работа, додека други веруваат дека технологијата можеби никогаш нема да се приближи до таа точка. Има и некои кои тврдат дека одиме кон иднината на вештачка интелигенција и човечка соработка наместо кон конкуренција.

Но, во многу помал обем, некои работници веќе се соочуваат со вознемирувачки последици. Ако има нешто што можат да направат големите јазични модели напојувани со генеративна вештачка интелигенција, тоа е спојување зборови и параграфи, ставајќи ги пишувачите на првата линија.


Стравот од губење на работата поради алатките за пишување напојувани со вештачка интелигенција беше едно од главните прашања што доведе до штрајк на сценаристите во САД минатата година. И другите креативни индустрии се соочуваат со слични грижи за нивната иднина со доаѓањето на алатки за вештачка интелигенција способни да генерираат слики, аудио и видео од нула.

Влијанието веќе се чувствува меѓу пишувачите - луѓето кои креираат маркетинг материјал и друга содржина за бизнисите. Во некои делови од бизнисот поврзан со пишување статии, вештачката интелигенција е благослов и може да биде корисна алатка која ја забрзува работата и ја подобрува креативноста. Но, има и пишувачи, особено оние на почетокот на нивната кариера, кои велат дека вештачката интелигенција го отежнува наоѓањето работа.

Но, некои исто така забележаа дека се појавува нов тип на тезга, која е далеку помалку платена: поправање на неквалитетното пишување на роботите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг