[ФОТО/ВИДЕО] Отсекогаш сакала да биде полицајка, работела во затвор и тогаш лудо се вљубила во затвореник: Оставила сè за да биде со него и никогаш не била посреќна

Точка

17/06/2024

20:17

3.935

Големина на фонт

а а а

Елиша Валас открила како од мали нозе сакала да биде полицајка, но работата од соништата ја оставила поради криминалец.

Имено, Елиша се огласила на социјалните мрежи како би ја споделила својата љубовна приказна која ги шокирала сите.

Кога Елиша ја добила работата од соништата, мислела дека успеала. Меѓутоа, незадоволна од полицијата преминала во затворската служба.


Тогаш сè променило сè кога се заљубила во затвореник. Елиша одлучила да ја напушти својата работа и станала чистачка.

„Се заљубив во поранешен затвореник и добивме дете, па наместо тоа, јас сум чистачка и поминувам повеќе време со моето семејство“, напишала таа.

Мајката на едно дете открила дека парот се запознал надвор од затворот, само неколку дена откако тој бил пуштен на слобода. Наскоро пламнала љубовта. „Не знаев кој е тој додека не излезе од затвор. Заедно сме неколку години и имаме деветмесечно бебе, а тој е тука цело време“, додала Елиша.


Таа признава дека нивната љубовна приказна била неочекувана, но и дека не би ја заменила за ништо на светот. Како што навела понатаму, работата во затворската служба не ѝ одговарала, па подобро се снашла како чистачка.


„Го добивме нашето девојче и сфативме дека смените едноставно не функционираат и дека никогаш нема да можам да ја гледам нашата ќерка“, објаснила.


Клипот споделен на нејзиниот „TikTok“ профил @elishaawallace станал вирален и има повеќе од 255.000 прегледи и 8.000 лајкови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг