Ресторани Сидро Ви го донесоа морскиот амбиент во Скопје

Точка

17/06/2024

17:16

27.240

Големина на фонт

а а а

Не можете да одите на море? Почестете си ја душата со морски амбиент и прекрасна морска храна во еден од рестораните на Сидро во Скопје.

Уште на влезот се забележливи реквизити во плава боја кои потсетуваат на море, внатре ќе го почувствувате мирисот на морска храна, типична за рибните ресторани. Услугата е врвна, не ја чекате нарачката долго како во другите ресторани, а келнерите се многу услужливи.


Цените се нормални. Ги препорачуваме ракчињата во црвена бузара, уникатен специјалитет кој ќе го сретнете само во Сидро! Ќофтиња од тиквички, свеж октопод на скара автентичните ракчиња со кадаиф, перфектно подготвен лосос и многу повеќе. Да не ви биде криво дека не сте заминале некаде на море, Сидро ви го донесе морскиот амбиент во Скопје.


Во градината на Сидро 2 ќе се опуштите, ќе се почувствувате како во мала оаза сред Скопје. Ќе го почувствувате мирисот на лаванда, а маслинките и палмите ќе ве однесат на некое друго место со мислите. Овде сигурно ќе уживате, во храната но и во амбиентот!


Ресторани Сидро се место за луѓе со истенчен вкус, кои знаат што сакаат и кои не прават никакви компромиси кога е амбиентот и изборот на храна во прашање.


Комерцијален текст