Дали знаевте дека чајот од лимон и ѓумбир ја зголемува енергијата трипати повеќе од кафето и шеќерот? Освен што го забрзуваат метаболизмот, лимонот и ѓумбирот имаат разни придобивки за целокупното здравје.
Овој чај е богат со антиоксиданти и други корисни материи. Може да помогне во одржувањето на виткоста бидејќи ѓумбирот е една од најдобрите билки за детоксикација, вежбање и слабеење. Чајот од ѓумбир го стимулира варењето на храната, ја подобрува циркулацијата и го поттикнува елиминирањето на токсините преку потење.
Исто така е одличен за отстранување на акумулираните токсини и отпадни производи од цревата и црниот дроб.
Чајот од ѓумбир е исто така еден од најефикасните природни пијалаци за лекување на болки во грлото, кашлица и бронхитис, бидејќи помага во чистење на дишните патишта. Доколку се пие редовно, помага за здравјето на срцето и крвните садови со намалување на концентрацијата на LDL холестерол и спречување на акумулација на атеросклеротични плаки.
Чајот од лимон и ѓумбир ја зголемува енергијата три пати повеќе од кафето и шеќерот
Подготовката е едноставна:
• Изрендајте или исечкајте 10 до 20 г ѓумбир
• Прелијте со врела вода и оставете покриено 10 минути.
• Исцедете.
• Додадете сок од лимон (по желба)
Во лето е особено освежителен кога се пие ладен.