Две професии го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест – експерти од Харвард ја откриваат вистината

Точка

27/05/2025

11:12

789

Големина на фонт

а а а

Претходни истражувања покажале дека лондонските таксисти имаат поизразен хипокампус – дел од мозокот којшто е задолжен за помнење и ориентација и којшто е прв на удар при Алцхајмерова болест.

Возење такси или возило за брза помош би можело да има неочекувана предност – помал ризик од смрт како последица на Алцхајмерова болест, покажува новата студија, пренесува „health.harvard.eu“.

Научниците анализирале податоци од речиси девет милиони починати лица и откриле дека таксистите и возачите во брза помош поретко умираат од овој облик на деменција во споредба со луѓето кои работат други професии.

Професијата и мозокот – постои ли врска?

Претходни истражувања покажале дека лондонските таксисти имаат поизразен хипокампус, дел од мозокот којшто е задолжен за помнењето и ориентацијата и којшто е прв на удар при Алцхајмерова болест.

Истражувачите веруваат дека секојдневното снаоѓање во просторот, кое е типично за таквите професии, може да помогне во зачувување на тој дел од мозокот.


Што покажала студијата?

Алцхајмеровата болест била причина за смрт кај 0,91 отсто од таксистите и 1,03 отсто од возачите на брза помош, значајно помалку отколку на пример кај директорите на компанија (1,82 отсто).

Кај пилотите стапката на смртност изнесувала 2,34 отсто, а кај капетаните на бродови 2,12 отсто, а не бил забележан истиот заштитен ефект како кај таксистите и возачите на брза помош, најверојатно затоа што користат однапред зададена рута, па помалку се потпираат на просторното снаоѓање.

Намалениот ризик исклучително се однесувал на Алцхајмерова болест (најчестиот облик на деменција), но не и на други видови деменција.

Има ли скриени фактори?

Студијата докажува причинско последична врска, можно е возачите на такси и брза помош генерално да се поздрави, помалку да пушат или едноставно да имаат специфични мозочни способности кои ги прават погодни за такви работи.


Можеме ли да научиме нешто од ова?

Доколку просторното снаоѓање навистина го штити мозокот, можеби хобито како што се сложувалки, видеоигри, шах можат да имаат сличен ефект. Сепак, потребни се уште докази, но експертите и натаму го советуваат она што е базично, а тоа е доволно сон, здрава исхрана и физичка активност.

Наместо заклучок

Постојат малку студии кои ги истакнуваат позитивните страни на одредени професии. Доколу овие наоди се потврдат, би можеле да помогнат во бројни разбирања и превенции на Алцхајмеровата болест и да покажат дека она што секојдневно го правиме во животот има клучна улога во здравјето на мозокот.