Божица на убавината по која мажите воздивнуваа: Ја победи опасната болест и на 38 години стана баба, а еве како изгледа денес

Точка

14/06/2024

23:17

7.536

Големина на фонт

а а а

Оваа година се навршуваат точно 20 години од емитувањето на една од најпопуларните мексикански теленовели некогаш, „Руби“.

Актерката Барбара Мори, која го играше за многумина омилениот негативец од теленовела, не се променила речиси воопшто од 2004 година.


Убавата актерка денес има 46 години, веќе неколку години е баба, а нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии кои докажуваат дека годините не ѝ можат ништо. Барбара Мори ја следат 3 милиони луѓе, а повеќето од нив ја знаат од серијата „Руби“ која ѝ донесе светска слава.

Во меѓувреме, Барбара се посвети на нешто посериозни улоги. Сака да позира во природни изданија, споделува фотографии од природата со своите обожаватели, но не го крие приватниот живот. Во филмовите таа сè уште добива улоги на фатални убавици како Руби. Сепак, улогата што ѝ донесе светска слава никогаш не се повтори.


Актерката, која по дедо е по потекло од Јапонија, а по мајка е Уругвајка со баскиско потекло, се смета за една од најубавите Мексиканки. Барбара, што на јапонски значи „шума“, ја започна кариерата како модел, а улогата на славната Руби ѝ ја донесе наградата за најдобра женска улога на магазинот „TV Novelas“ за 2004/2005 година.

Кариерата на познатата убавица значително ја забави малигната болест. Имено, во екот на нејзината слава, во 2007 година, ѝ беше дијагностициран рак на дојка.


Барбара во јавноста многу отворено зборуваше за сè што ѝ се случувало и за стравовите со кои се соочувала. За среќа, нејзината борба да оздрави резултираше со успех. Актерката призна дека во тешките моменти црпела сила од семејството со кое има многу блиски односи. Уште на 19-годишна возраст, таа го добила синот Серхио во врската со актерот Серхио Мајер. Интересно е дека историјата се повторила, па нејзиниот син во истите години стана татко на девојчето Мила. Така Барбара стана баба на само 38 години!

Подоцна, таа успеа да соработува со Холивуд и Боливуд, станувајќи една од првите латиноамерикански актерки која успешно преминала во меѓународната филмска индустрија.


„Оваа серија ми донесе популарност каква што не можев ни да замислам и сè што повеќето луѓе го сметаат за среќа. Бев популарна, успешна и добро платена. Сепак, не сакав да се врзам само за еден проект. Сакав да пробам нешто ново“, рече таа своевремено.

Во втората половина од својата петта деценија, Барбара продолжува да плени со својата убавина и останува инспирација за многумина, не само како талентиран уметник, туку и како личност која активно придонесува за заедницата и светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг