[ВИДЕО] Стивен Сигал снимен на воената парада во Москва – Тој му е долгогодишен пријател на Путин

Точка

09/05/2025

17:07

932

Големина на фонт

а а а

Актерот Стивен Сигал беше меѓу гостите на денешната воена парада во Москва по повод Денот на победата над фашизмот, а беше забележан за време на преносот во живо додека ја следел парадата на тенковите од Втората светска војна.

Неговото појавување на парадата не е изненадување со оглед на тоа што холивудскиот актер е долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, па дури и се зачленил во партија блиска до Кремљ.

Инаку Сигал официјално е руски државјанин од 2016 година, а ја извршува и функцијата специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи меѓу Русија и Соединетите Американски Држави.

Тој никогаш не ја криел својата поддршка за рускиот претседател, нарекувајќи го „еден од најголемите светски лидери, ако не и најдобриот од денешните“.


Сигал во повеќе наврати ја изразил недвосмислената поддршка за Путин и руската армија во инвазијата врз Украина.

Инаку во 2023 година, Путин му го додели Орденот за пријателство на Сигал, а актерот, кој веќе се залагал за соединување на Крим со Русија, една година претходно го посетил рускиот град Оленовка и тамошниот логор.


Потсетуваме на воената парада по повод Денот на победата, преку која Русија ја одбележа 80-годишнината од победата над нацистичка Германија присуствуваа повеќе од 20 меѓународни лидери. Илјадници руски војници маршираа на парадата, а беше прикажано и најновото руско оружје, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана и ракетни системи.