[ФОТО/ВИДЕО] Џенифер Анистон била во опасност? – Нејзиниот прогонител се појави во суд – Без маица и со морничав поглед

Точка

09/05/2025

17:42

837

Големина на фонт

а а а

Мажот по име Џими Вејн Карвајл е обвинет за кривично дело тежок облик на прогонување и вандализам, по упадот со автомобил на имотот на ѕвездата од серијата „Пријатели“ во Лос Анџелес.

Тој е обвинет дека во понеделникот, со возило марка „Chrysler PT Cruiser“ ја пробил портата на имотот на актерката Џенифер Анистон во Лос Анџелес. Но набргу потоа, вооружен чувар го задржал на влезот од нејзината куќа и чекал да пристигне полицијата и за среќа немало повредени, додека полицијата подоцна соопшти дека тој немал директен контакт со актерката.

Меѓутоа Карвајл (48) од Њу Олбани, Мисисипи, е обвинет и за „постојано вознемирување“ на ѕвездата од „Пријатели“, односно дека ѝ испраќал „несакани пораки на социјалните мрежи, гласовни пораки и е-пошта“ од 2023 година, и тоа интензивно во последните два месеци, соопшти окружното обвинителство на Лос Анџелес.

„Наводното вознемирување кулминирало кога тој со возило влегол низ нејзината предна порта, предизвикувајќи значителна штета“ во понеделник напладне, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител.

Карвајл првично бил во притвор под сомнение за вандализам по инцидентот во вилата на актерката во Бел Ер. Во средата беше обвинет за прогонување и вандализам и се соочил со отежнувачката околност – заканата за нанесување тешки телесни повреди, соопшти окружното обвинителство.


Тој вчера се појавил пред судот во Лос Анџелес. Но она што сите ги шокираше беше неговиот изглед. Имено тој беше фотографиран без маица, завиткан во ќебе „против самоубиство“ (ќебе отпорно на кинење кое се користи за да се спречи хоспитализирано или затворено лице да направи јамка и да се обиде да се самоубие). Во четврток, се соочи со обвиненија за тежок облик на прогонување и вандализам.


Доколку биде осуден, тој може да добие затворска казна до три години.