Славната водителка „удри“ по Џенифер Лопез: „Таа е длабоко непријатна личност, сите имаат негативно искуство со неа“

Точка

11/06/2024

17:50

4.734

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез ја има „најлошата година во животот“, како што пренесуваат американските медиуми. Не само што минува низ бурен период во бракот со Бен Афлек, иако парот не го потврди тоа, и ја откажа турнејата, туку се чини дека латино дивата има сè повеќе критичари кои не се колебаат отворено да „удрат“ по неа.

Една од нив е и познатата американска водителка и новинарка Меган Мекејн, која неодамна се вклучи во „хајката“ против пејачката.

Имено, Меган неодамна во својот поткаст „Citizen McCain“ истакнала дека Џеј Ло била „многу непријатна“ кога комуницирале за време на популарното ток-шоу „The View“.


„И јас имам слично негативно искуство со неа, како што имаат и сите други. Се чувствувам лошо бидејќи доаѓаме до точка кога ова веќе почнува да биде малтретирање на Џеј Ло“, изјавила 39-годишната водителка, пренесува „Entertainment Weekly“.

„Таа е навистина длабоко непријатна личност. Ја имаше најголемата придружба на соработници што некогаш сум ја видела (кога гостуваше на „The View“). Повеќе од Ким Кардашијан и претседателот“, изјавила Мекејн, додавајќи дека „навистина не разбира зошто тоа било потребно“.

Меган потоа навела дека пејачката наводно имала врска со фактот што едно од нејзините видеа на ТикТок било „отстрането од таа мрежа“. Во спорната снимка, водителката вели дека Џенифер не е „нејзиниот најомилен гостин од емисијата“.

„Таа беше таа поради кое нашето видео беше отстрането“, нагласила оваа русокоса, но го додала зборот „наводно“, бидејќи нема доказ дека Лопез навистина стои зад жалбата до ТикТок дека во видеото е направен прекршок.


Мекејн се присетила и како Џенифер за време на тоа гостување постојано имала со себе еден од своите вработени, кој „сето време држел огледало со светла додека ја подготвувале да излезе на телевизиската сцена“.

„Бев водителка на „The View“, таа не беше фина. Не мора секогаш да бидете прељубезни, но беше изненадувачки за луѓе како, на пример, Ким Кардашијан да бидат толку прекрасни. Кога ќе дојдете во емисија на 10-минутен сегмент, само лажирајте ја таа љубезност во тие проклети 10 минути“, заклучила водителката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг