[ФОТО] Тони Блер запозна пет „Тони Блеровци“: Поранешниот премиер на Велика Британија имал необична средба во Косово

Точка

11/06/2024

14:50

4.188

Големина на фонт

а а а

Поранешниот премиер Тони Блер деновиве е во повеќедневна посета на Косово, а вчера имал прилика да се сретне со петмина свои двојници. Не буквално двојници, туку млади мажи кои го носат истото име како него.

Сето ова осамна на социјалните мрежи.

„Тони Блер запозна пет „Тони Блеровци“ во Косово“, е описот на објавата на фотографијата објавена на „Х“ на која Блер позира со петмина млади момчиња и со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Албанците во Косово во текот на бомбардирањето на НАТО им давале имиња на децата по западните политичари, најмногу токму по Тони Блер.

Тони Блер деновиве е во посета на Косово по повод одбележувањето на 25 години од бомбардирањето на Србија, а вчера изјави дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била исправна работа“ и дека „стои со граѓаните на Косово“.

На 12-ти јуни во Урошевац свечено ќе биде откриена статуа на поранешниот премиер на Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг