Чеферин го откри својот фаворит за титулата на ЕП

Дерби

11/06/2024

13:21

1.441

Големина на фонт

а а а

Остануваат само уште неколку дена до почетокот на 17. Европско фудбалско првенство на кое домаќин е Германија.

Десет градови ќе бидат домаќини на 24 репрезентации кои ќе се обидат да се прикажат во најдобро светло, поточно ќе се обидат да го загрозат, украдат тронот на кој сега е Италија.

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин со нетрпение го очекува стартот на шампионатот, но пред истиот тој даде свој тип околу тоа кој ќе биде шампион.

- Веќе им кажав на пријателите, а не знам зошто, но мислам дека Германија е најголем фаворит. Не им оди најдобро во последните години, дури и на големите турнири, но имаат добар тим, - вели Словенецот и додава:

- Франција, Англија и Португалија се исто така главни фаворити. Шпанија не треба да се потценува. На второ место ќе бидат Хрватска, Белгија, Холандија и можеби Данска, - заклучи првиот човек на Европската фудбалска федерација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг