[ФОТО] Едниот близнак јадел месо, а другиот бил веган: Еве како по 12 недели тоа се одразило на нивното либидо, но и на изгледот на телото

Точка

10/06/2024

11:30

11.697

Големина на фонт

а а а

Близнаците по име Хуго и Рос Тарнер решиле да проверат како различните начини на исхрана ќе влијаат на нивното тело. Хуго (лево на фотографијата) јадел само веганска храна во текот на 12 недели, додека другиот близнак следел диета со разновидна храна и голема количина намирници.

За време на овој експеримент им помогнале научници од Кралскиот колеџ во Лондон, кои ја следеле нивната тежина, телесните масти, нивото на холестерол и други параметри.


Идентичните близнаци правеле и тренинзи за издржливост пет до шест пати неделно, со цел да се подготват за идните експедиции. И двајцата консумирале ист број калории, без оглед на храната која ја консумирале.

Какви беа резултатите? За евиденција, ова е изолиран експеримент, а не општ заклучок за влијанието на видовите исхрана врз човечкото тело.

Го загубил либидото

По 12 недели веганска исхрана, нивото на холестерол кај Хуго се намалило. Имал доволно енергија во текот на денот, не бил уморен, а шеќерот во крвта се одржувал на многу постабилно ниво и немал осцилации на качување и паѓање како што имал пред овој начин на исхрана. Имал подобра концентрација, но од за него непознати причини, го загубил либидото.

На почетокот на истражувањето, Рос тежел 79 килограми и има 13 отсто масти, а благодарение на исхраната заснована на големи количини месо, добил четири килограми во мускулна маса и речиси два килограми маснотии, па процентот на телесните масти скокнал на 15 проценти. Нивоата на холестерол останаа исти во текот на целиот период.


Научниците собрале примероци од измет пред и по студијата и откриле дека микробиомите на Хуго се подобри во заштитата од хронични болести како што се дебелината и дијабетес тип 2. Кај Рос биле забележани мали промени врз микроорганизмите во миктобиомот, пишува Bored Panda.




Спонзорирани линкови

Маркетинг