[ФОТО] Селма Хаек позира во два речиси идентични костими за капење, само со разлика од 20 години: „Вечно млада и згодна“

Точка

07/06/2024

08:50

8.937

Големина на фонт

а а а

Селма Хаек и на 57 години важи за една од најатрактивните актерки во светот, а тоа го потврди и споредувајќи ги нејзините две фотографии направени со разлика од две децении.

Имено, Селма сподели своја фотографија од 1999 година на која се гледа како лежи и позира во кафени бикини. Таа ја спореди фотографијата со изданието од 2020 година кога на ист начин позирала облечена во кафеав едноделен костим за капење.

„Некои пози никогаш не излегуваат од мода“, напиша актерката и нагласи дека првата фотографија е создадена за кампањата на „H&M“, а втората за магазинот „L'Officiel“.

„Вечно убава“, „Селма е како виното, затоа што колку повеќе старее, толку подобро изгледа“, „Секој ден поубава“, „Со годините стануваш поубава“, и напишале фановите на мексиканско-американската актерка.

Бидејќи со години го привлекува вниманието со својот природен изглед, актерката признала и дека не користела ботокс. За подкастот на Кели Рипа „Let's Talk Off Camera“, Хаек тврдеше дека го одржува својот младешки изглед со медитација.

Тоа стана составен дел од нејзината велнес рутина. Таа додаде дека долгогодишното вежбање медитација, позитивно ги изненадило сите луѓе околу неа, кои и велат дека изгледа 20 години помладо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг